December 7, 2021 04:10
Свет

Гејтс: Ќе беше уште полошо ако не потрошев две милијарди долари на вакцини

Основачот и Филантропот Бил Гејтс, основач на „Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата“  во интервју за Wired, посветено најмногу на неговата книга „Како да се  избегне климатска катастрофа“,  се осврна и на кризата која ја наметна коронавирусната пандемија.

-Никој не може да произведе 14 милијарди дози вакцина преку ноќ. Серумската фабрика за вакцини АстраЗенека денес произведува повеќе од која било друга фабрика во светот благодарение на нашето финансирање. Проблемот е во еднаквоста околу вакцините. Вакцините на Фајзер и Модерна сеприлично скапи и се одлични решенија за богатите земји, но проблемот се јавува меѓу земјите во развој и нема да може брзо да се реши. Направивме повеќе за мРНК методологијата од која било друга организација. Но, тоа не беше подготвено. Ниту една вакцина што ја користи оваа технологија не е одобрена. Да сеслучеше пандемијата за пет години, мРНК ќе беше стабилна платформа во однос на трошоците, времетраењето и производствениот капацитет. Но, потрошив две милијарди долари и знам дека ќе беше уште полошо ако не ги потрошев, рече Гејтс.