Балкан

Гешев: Во Бугарија владеењето на правото е под сериозна опасност

„Во Бугарија под сериозна закана е владеењето на правото, поделбата на власта и човековите права“. Тоа го нагласи денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по присуството на сослушувањето во ЕП за состојбите во Бугарија.

Тој додаде дека државата сака засилен дијалог со европските институции, „вклучително и посериозен мониторинг на постоечкиот механизам за владеење на правото“, јави БТА

Гешев додаде дека европратениците биле заинтересирани за неколку конкретни предистражни постапки, како што е „Барселонагејт“.

Според Иван Гешев, кога се работи за реформи во правосудството, фокусот секогаш е на обвинителството.

„Проблемот е во многу органи. Проблемот е во МВР, кое треба да се реформира. Проблемот е во судовите, кои исто така треба да се реформираат. Проблемот е во процедурите. Проблемот е одговорност на судиите, затоа што бугарскиот судија, верувајте, не може да биде казнет речиси за ништо“, нагласи Гешев.

Главниот обвинител на Бугарија, исто така, рече дека обвинителството е подготвено да учествува во судските реформи, но истакна дека со текот на годините имало многу обиди тоа да се оствари.

Гешев додаде дека недостига соработка меѓу институциите во Бугарија и се прават обиди да се води војна со  судството. Според него, МВР се обидува да ги зграпчи ингеренциите на судството.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Death Note

AnimeFreak Gintama Episode 198

AnimeFreak Naruto (Dub) Episode 216

anime freak site AnimeFreak How NOT to Summon a Demon Lord Ω

free anime online AnimeFreak Hunter x Hunter (2011)