October 15, 2019 23:50
Магазин

Германски суд пресуди дека мамурлакот е болест непосредно пред Октоберфест

Доколку Германците на работа пријават дека се болни, откако претходната вечер претерале со алкохол и не се во можност да работат поради тоа, законот во оваа земја ќе биде на нивна страна бидејќи тамошен суд неодамна одлучи дека мамурлакот е всушност болест.

Одлуката е донесена откако фирма, која произведува пијалоци и прашоци против мамурлак, била изведена пред суд и обвинета за изнесување на нелегални здравствени тврдења во врска со лековите против мамурлак.

Во пресудата, на судот од Франкфурт стои дека фирмите не можат да припишуваат никакви својства за спречување или лекување на човечко заболување, нити да оставаат впечаток на такви својства.

Во листата на наведени човечки болести се споменува и мамурлакот, истакна судот, објаснувајќи дека болеста се дефинирана како мало или привремено нарушување на нормалната состојба на телото и неговата нормална активност.

Заморот, гадењето и главоболката се симптоми на мамурлакот, а тие обично исчезнуваат за еден ден без медицински третман, соопшти судот.

Оваа одлука наишла на одобрување во германската јавност, бидејќи во Минхен само пред неколку дена започна Октоберфест.

Нови вести

Емотивна приказна за актерите од филмот “Исправи се Делфина“ кои по 20 години се сретнаа во Битола

Igor

Салма Хајек гола им се заблагодари на своите 12 милиони следбеници

Igor

Дрогериите dm ги укинуваат пласичните кеси за една употреба

Igor