June 23, 2021 06:44
Свет

Германски министер загрижен поради зголемениот бројот на мигранти кои доаѓаат преку Балканската рута

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер стравува од зголемување на бројот на илегални мигранти преку т.н. Балканска рута, објавено е денес.

„Постојат индикации дека бројот на мигранти значително се зголемува, особено преку Балканската рута“, рече Хорст Зехофер (КСУ).

Тој најави дека ќе разговара за ова прашање во рамките на демохристијанскиот пратенички клуб во Бундестагот.

„Треба да сториме нешто за да спречиме бројот на мигранти да се искачи на проблематично ниво“, рече министерот за внатрешни работи.

Зехофер, кој се повлекува од активната политика по парламентарните избори во септември, рече дека темите за миграцијата сигурно ќе бидат релевантни за време на примопредавањето на должноста.

Тој истакна дека ограничувањето на бројот на мигранти влијае на политичката стабилност во земјата.

„Во минатото се покажа дека граѓаните прифаќаат пристигнување на бегалци ако бројките се 200.000 годишно. Кога имаше значително повеќе бегалци, тоа со себе донесе социјални и политички проблеми”, рече Зехофер.

Демохристијанскиот политичар објасни дека од тоа имаат корист екстремно десничарски партии, како што се републиканците.

Минатата година во Германија биле поднесени 102.581 барања за азил, што е значително помалку отколку во 2019 година, кога се пријавиле 142.509 мигранти.

Организацијата за бегалци Про Асил го критикуваше падот на мигрантите на почетокот на оваа година, објаснувајќи дека тоа е резултат на ригорозното затворање на европските граници.

WCOStream black clover wcostream: Watch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Preview 3 (https://wcostream.cc/m/GE2y/ep-1)

AnimeFreak kiss x sis animefreak: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 3 (https://animefreak.ws/m/W5o4/ep-3)