August 10, 2022 23:00
Свет

Германскиот министер за здравство се залага за задолжителна вакцинација

Влегуваме во тежок период, во кој ќе имаме многу заразени лица, а тоа ќе влијае на капацитетите на здравствените установи, предупреди денеска министерот за здравство Карл Лаутербах во врска со ширењето на вирусот омикрон и се заложи за воведување задолжителна вакцинација.

Лаутербах на прес-конференцијата истакна дека стапката на невакцинирани лица кај постарите граѓани во Германија е сè уште висока и затоа, вели, не смееме да одиме да го заразуваме населението, бидејќи бројот на жртви би бил превисок.

„Нашата стратегија е да го забавиме бранот и да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат“, нагласи тој.