December 9, 2022 00:46
Свет

Германскиот канцелар за заштита на руските регрути кои сакаат да избегнат мобилизација

Германскиот канцелар Олаф Шолц се залага за обезбедување заштита за руските регрути кои бегаат од Русија и бараат засолниште во Германија, јавија денеска германските медиуми.

„Јас сум за обезбедување заштита на тие луѓе”, вели германскиот канцелар Олаф Шолц во интервјуто за весникот „Ноје оснабрикер цајтунг” на прашањето дали на регрутите кои нема да одговорат на повикот за мобилизација во Русија треба да им се даде политички азил.

Тој додаде дека пред да се обезбеди заштита, треба да се направат безбедносни проверки на секој апликант поединечно.

Германската Влада најави дека сака решението по прашањето да се најде „на ниво на ЕУ”.

Најголемата опозициска партија, Унијата ЦДУ/ЦСУ, претходно се спротивстави на давање заштита на луѓето кои сакаат да избегнат мобилизација во Русија.