December 6, 2022 21:41
Свет

Германскиот Бундесвер добива нови авиони и хеликоптери

Германската војска Бундесвер ќе добие 35 нови борбени авиони и 60 хеликоптери.

Станува збор за авиони Ф-35 од компанијата „Локид” во вредност од осум милијарди евра и транспортни хеликоптери ЦХ-47 Чинок од „Боинг” вредни четири милијарди евра, пишува „Билд”.

Надлежни претставници од германското Министерство за одбрана неодамна беа во САД за да преговараат за договорите.

Меѓутоа, бидејќи парламентот мора да одобри поголеми воени набавки, од 25 милиони евра па нагоре, договорот може да се потпише дури кога пратениците ќе го прифатат.

Договорот за набавка на Ф-35 летала треба да биде потпишан уште годинава, додека тој за купувањето хеликоптери, во првите месеци од следната година.

Авионите Ф-35 ќе ги заменат Торнадо, кои Луфтвафе ги користи уште од 1970-те години.