January 25, 2020 21:15
Свет

Германска невладина организација им се извини на Евреите за урната пред Собранието

Германската невладина организација „Центар за политичка убавина“ им се извини на еврејските организации за поставувањето урна со наводни остатоци од жртвите на холокаустот пред германското собрание, наведувајќи дека инсталацијата имала за цел да го сврти вниманието на опасностите од ултра десничарскиот екстремизам.

Групата инсталира урна, наведувајќи дека во неа имало непогребани остатоци од жртви од 23 локации од логори во Германија, Полска и Украина, пренесува АП.

Наводните остатоци биле сместени во проѕирна портокалова цилиндрична урна, а групата денес ја обвиткала инсталацијата со црна фолија за да не се гледаат остатоците.

„Се извинуваме, особено на еврејските институции, здруженија и поединци кои нашето дело го сфатија како вознемирување на мртвите според еврејскиот верски закон“, објави групата на својата веб-страница.

Членовите на невладината организација, кои себеси се нарекуваат политички уметници, рекоа дека урната треба да биде предупредување во време на растечки екстремизам.

Нови вести

Ватикан го повика ирачкиот претседател да ги заштити христијаните во таа земја

Igor

Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Igor

Москва ќе брка бугарски дипломати откако Софија протера двајца Руси поради шпиунажа

Igor