August 20, 2019 01:11
Свет

Германската полиција трага по украдено „ферари“ од 1985 година

Германската полиција трага по реткиот спортски автомобил „ферари“ од 1980-тите години, за кој се верува дека вреди повеќе од два милиони евра, а кој беше украден на пробното возење од човекот кој се претставил како потенцијален купувач.

Полицијата во Дизелдорф објави дека човекот кој се јавил на огласот за црвенoто „ферари 288 ГТО”, првпат регистрирано во 1985 година, се појавил во понеделникот на договорен состанок, објави АП.

Тој и продавачот отишле на пробно возење, притоа продавачот излегол од автомобилот за да го замени местото со идниот купувач.

Човекот седнал на возачкото седиште, го притиснал педалот на гас и се одвезол.

Полицијата соопшти дека не успеале да го најдат автомобилот и ја повикаа јавноста да им даде евентуални информации.

Нови вести

Полицијата во САД викендов спречила три можни масовни пукања

Filip

Пекинг ги користел Твитер и Фејсбук против демонстрантите во Хонг Конг, тврдат двете социјални мрежи

Filip

Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Filip