September 19, 2019 07:11
Свет

Германската влада одбива да го акредитира пратеникот на Гуаидо како амбасадор

Иако Берлин застана на страната на САД и го призна самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, сепак го држи во неизвесност Ото Гебауер, што Гуаидо го одбра да ја претставува Венецуела во Германија, и не му даде дипломатски статус, пренесува „Спутник“.

Шпанија, наводно, ги повикала земјите-членки на ЕУ да не им даваат на претставниците на Гуаидо дипломатски статус или соодветни привилегии.

Иако Ото Гебауер, испратен во Германија од страна на Гуаидо како негов емисар, беше примен во Берлин, германската влада не планира да го акредитира, како што пренесува „Ној оснабрикер цајтунг“, цитирајќи го одговорот на германското МНР на барањето од левичарската партија „Дие Линке“.

Според министерството, германската влада прво го примила Гебауер како личен претставник на привремениот претседател Гуаидо на 13 март 2019 година за да оствари разговори со него, но нагласи дека не се планираат понатамошни чекори.

Откако во Венецуела избувна политичка криза кон крајот на јануари, кога лидерот на парламентарната опозиција Гуаидо, поддржан од САД, се прогласи за привремен претседател на Венецуела и го оспори реизборот на претседателот Николас Мадуро во мај минатата година, Германија го призна како преоден шеф на државата. Околу 50 држави, охрабрени од САД, го сторија истото. Меѓутоа, уставно избраниот шеф на државата, Николас Мадуро, поддржан од Русија, Кина, Куба, Боливија, Турција и голем број други земји, продолжува да ја држи власта и одбива да се повлече, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да организира државен удар за да го инсталира Гуаидо како марионетски лидер.

Ова доведе до парадоксална ситуација во Германија со двајца венецуелски емисари во Берлин, кој но не може да одржува официјални разговори со двајцата.

„Дие Линке“ ја пофали одлуката за Гебауер . Пратеникот од германскиот Парламентарен комитет за надворешни работи, Хајке Хансел, истакна дека испраќањето нови претставници за Венецуела се заснова на признавање на самоназначениот претседател Хуан Гуаидо, кој го крши меѓународното право, според заклучокот на истрагата на Бундестагот.

„Ова ја докажува апсурдноста на германската политика на Венецуела. Признавањето на Гуаидо беше извршено надвор од границите на меѓународното право и ова го враќа назад”, рече таа.

Покрај овој дипломатски судир, Ото Гебауер има и дискутабилен профил за дипломат бидејќи беше вмешан во обидот за државен удар во 2002 година против претседателот Хуго Чавез, кој почина пред неколку години. Тој беше член на единицата командоси која го држеше Чавез во заложништво и беше осуден на шест години затвор за тоа.

Легитимитетот на привремениот претседател Гуаидо сега се соочува со предизвик бидејќи според законот на Венецуела, неговиот максимален мандат е ограничен на 30-дневен период. Истиот истече во февруари, но нови избори сé уште не се распишани.

Нови вести

Шпанска даночничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 спортисти

Igor

Воена парада на Иран со 200 бродови во Персиски Залив

Igor

ОН испратија експерти во Саудиска Арабија да ги истражат нападите

Igor