November 27, 2021 17:41
Свет

Германија со уште четири земји поднесе иницијатива за формирање европски единици за брза интервенција

Германија, заедно со уште четири други членки на ЕУ, покрена иницијатива за формирање воени единици за брза интервенција, објавија денеска германските медиуми.

Концептот предвидува понатамошен развој на постојната борбена група на ЕУ во единици кои би можеле да интервенираат „брзо и интензивно” во сите делови на светот.

„Неодамнешните настани во Авганистан уште еднаш покажаа дека ЕУ мора да биде способна да интервенира робусно и брзо”, се вели во документот потпишан од Германија, Португалија, Финска и Словенија, во кој имаше увид ДПА.

Овие пет земји предлагаат да се овозможи формирање „коалиција на волјата” надвор од рамките на членот 44 од Договорот за Европската унија, со која се регулира јурисдикцијата во случај на интервенција, што би овозможило поголема флексибилност и „модуларна акција” за поддршка на Брисел во управување со кризи.

Новата единица ќе брои до 5.000 војници. Сегашниот концепт на борбената група на ЕУ предвидува две единици со по 1.500 војници, а составот на единиците се менува на секои шест месеци. Оваа борбена единица досега не дејствувала на терен. За документот насловен „Повеќе подготвеност, поголема флексибилност, повеќе соработка – заедничко кон ново ниво на управување со кризи во ЕУ” треба да се разговара до следната пролет.

https://animeflix.nl anime sites

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Website https://aniwatch.pro: Watch School Days (ONA) aniwatch Episode Full watch anime dub

Watch Youkai Watch Jam: Youkai Gakuen Y - N to no Souguu Episode 18

Website https://4anime.biz: Watch RE-MAIN (Dub) 4anime Episode 4 4anime kakegurui