December 5, 2022 21:14
Економија

Германија со нов пакет мерки за заштита на граѓаните од растечките цени на енергенсите

Германската Влада усвои нови мерки во борбата против енергетската криза, штои вклучуваат утврдување горна граница на цените на гасот и на електрична енергија, за што ќе бидат издвоени 200 милијарди евра.

„Цените мора да паднат и федералната Влада ќе направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди пензионерите, семејствата, но и претприемачите и индустријата да можат да ги платат сметките за енергија”, рече германскиот канцелар Олаф Шолц при претставувањето на новиот владин пакет енергетска помош.

Шолц го нарече пакетот „енергетска војна” што Путин ја води против Европа.

„Русија ја користи енергијата како оружје”, рече Шолц кој додаде дека имајќи ги предвид оштетувањата на гасоводите „Северен поток 1 и 2″, „во догледна иднина” гас од Русија нема да стигнува гас во Германија.

Шолц ги нарече историски средствата што Владата во Берлин оваа година ги подготви за ублажување на последиците од драстичното зголемување на цените на енергенсите.

„Со претходните енергетски пакети и со овој најновиот, федералната Влада издвои вкупно 300 милијарди евра помош”, рече Шолц.