September 29, 2020 09:30
Свет

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара денеска носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од коронавирусот.

„Оние што сакаат целосна настава не можат да ја избегнат задолжителната употреба на маски“, рече Мејдингер.

Тој изјави дека во повеќето делови на Германија, се бара да се носат маски во супермаркетите, јавниот превоз и на големи собири, но не и во училиштата, пренесува АП.

Засега, само во Северна Рајна-Вестфалија, учениците и наставниците се должни да носат маски за време на часовите, но и некои други германски држави размислуваат за воведување на оваа мерка.