August 10, 2022 22:43
Македонија

Германија пак ја стави Македонија на „црвената ковид-листа

Почнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.), Северна Македонија  е класифицирана како област со висок ризик на инфекција со Ковид-19, соопшти денеска Институтот Роберт Кох од Берлин.

Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или сојузната полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата, карантинот трае 10 дена.

Тој може да се прекине со поднесување доказ за вакцинација или оздравување или пак со приложување негативен тест (за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето во земјата (резултатот може да се испрати преку порталот за влез). За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.
Притоа, Германија ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА).