August 25, 2019 05:23
Свет

Германија му нуди поддршка на новоизбраниот украински претседател

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави денеска дека неговата земја сака да му понуди поддршка на новоизбраниот претседател на Украина, но, исто така, повика на понатамошни реформи во земјата која е погодена од корупција.

Говорејќи пред да замине во посета на Киев со својот француски колега, Мас рече дека Германија и Франција нема да престанат да ѝ даваат помош на Украина, објави АП.
Тој рече дека Украинците вложиле големи надежи во изборот на Володимир Зеленски.

„Сакаме да го поддржиме претседателот Зеленски за да ги исполниме овие надежи”, рече Мас, додавајќи дека „се потребни понатамошни реформи, особено во борбата против корупцијата”.

Тој, исто така, изрази надеж дека изборот на Зеленски би можел да ги придвижи напорите за постигнување мир на истокот на Украина, велејќи дека Германија и Франција „ќе бараат конструктивен придонес од Русија”

Нови вести

Водени топови за демонстрантите против средбата на Г7

Igor

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor