April 22, 2019 04:40
Свет

Германија лани со рекорден број на странци, најголем прилив од Западен Балкан

Во Германија во 2018 година живееле рекорден број на странци па нивниот број лани се зголемил за околу 292.000 и сега изнесува 10,9 милиони.
Најмногу од нив доаѓаат од Турција, Полска, Италија, Сирија, Романија и Хрватска.

На крајот на 2018 година во Германија живееле нешто помалку од 83 милиони жители, а бројот од 10,9 милиони странци се однесува само на лица со странско државјанство. Но ако гледа вкупниот број на т.н. жители со мигрантско потекло, во кој се вклучени и странците, германски државјани од странско потекло, како и етничките Германци кои по распадот на источниот блок се преселиле во Германија, тогаш нивниот број се зголемува речиси двојно на 19,7 милиони.

Најголем прилив на мигранти минатата година е забележан од земјите од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Албанија. Зголемувањето на доселеници од овие земји се поврзаува со законот за населување на квалификувана работна сила од овој дел на Европа, што Германија го донесе во 2015 година.

Освен од земјите од Западен Балкан, најголем број на доселеници кои во Германија дошле врз основа на договори за работа доаѓаат од Индија, Кина и САД.

Нови вести

Хамнеи именуваше нов водач на Револуционерната гарда

Filip

Порошенко го призна поразот, не се повлекува од политика

Filip

Повеќето напади во Шри Ланка ги извеле бомбаши-самоубијци

Filip