February 20, 2020 22:05
Свет

Германија ги зголемува залихите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод коишто ќе можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен инцидент.

Германската канцеларија за заштита од радијација потврди дека нарачале 189,5 милиони таблети јод „за да обезбеди безбедна и масовна дистрибуција во случај на радиолошка или нуклеарна криза“.

Телевизијата WDR, којашто прва објави за зголемувањето на залихите, наведе дека количината на нарачани таблети е четири пати поголема од сегашните залихи. Доколку се земат веднаш по нуклеарниот инцидент, таблетите со јод можат да спречат од заболување на рак на штитната жлезда.

По катастрофата во јапонската нуклеарна електрана Фукушима во 2011 година, Германија ги измени упатствата за управување со проблемите во нуклеарните електрани. Додека Германија планира постеоено да ги исклучи сите нуклеарни централи до 2022 година, неколку нејзини соседи, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Швајцарија и Чешка, ќе продолжат да користат нуклеарни реактори.