June 26, 2022 12:51
Свет

Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард”

Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард”, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги медиумските извештаи, пренесуваат британските медиуми.

Дојче веле јавува дека тенкот „Гепардот” има два топа од 35 милиметри и се користи во борба против авиони и хеликоптери на височина до 3.500 метри, како и против лесно оклопни цели на земјата.Тоа значи дека може да се користи и за одбрана и за напад.

„Гепардот”, меѓутоа, нема да има никакви шанси против борбен тенк, бидејќи неговите топови имаат релативно мал калибар.

Тенкот има радиус на движење од околу 550 километри, а може да се движи низ вода, без посебна дополнителна опрема.

„Гепардот” се произведува од 1976 година, а тоа што е важно за мисијата во Украина е што оружјето на тенкот е развиено, меѓу другото, и за борба против оклопните напаѓачки хеликоптери, како што е рускиот „Ми-24″.

GO88 - Link tải GO88 Club APK/ IOS cho Android go88 không rút được tiền game go88

sunwin danh bai doi thuong sunwindy SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu