October 20, 2020 16:35
Македонија

Германија: Билатералните проблеми со Бугарија не треба да се во преговарачката рамка

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата, изјави за „Радио Слободна Европа“, Анке Холштајн, амбасадор на Германија, земјата претседавач со Европската Унија.

Таа порачува дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес, коментирајќи го бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Европската унија. .

-Германија и другите земји членки на Европската Унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, вели амбасадорката Холштајн во интервјуто.