December 1, 2021 16:25
Спорт

Германија без милост, одмазда на Вернер со камата

Македонија издржа само едно полувреме против Германија, по што почна да прима голови уште од стартот на вториот дел. Со поразот значително ги намаливме шансите за второто место во групата во квалификациите за СП 2022, посебно и по триумфот на Романија над Ерменија од 1-0 во Букурешт.

Еден од најкритикуваните германски фудбалери, Тимо Вернер ни даде два гола за четири минути и така ја донесе до три бода на Националната Арена „Тодор Проески“. Човекот кој имаше неверојатна утка на првиот меч против Македонија во Дуисбург сега се поправи и успеа двапати да го матира Столе Димитриевски.

Клучниот момент во првиот дел, сепак, беше повредата на Аријан Адеми во 22. минута. Еден од најдобрите македонски фудбалери беше повреден при дуел со Хаверц, по што за жал мораше да ја напушти играта. По првото полувреме во вториот дел сосема спротивна слика, иако Германците доминираа од стартот со посед на топка од околу 70 отсто, Димитриевски беше на висина на задачата. Се чини дека нашите репрезентативци ја изгубија сигурноста од првиот дел, па во брз контранапад во 50. минута Германија дојде до водство од 0-1 со погодокот на Хаверц.

По играта меѓу два гола во следните 20 минути, во 70. минута Тимо Вернер погодува за 0-2 на асистенција на Милер. Во 73. минута веќе и 0-3 за Германците со вториот погодок за Вернер, а во 83. минута Мусиала заокружи за конечни 0-4 и одмазда за оној пораз од 1-2 во Дуизбург во март.