December 6, 2019 22:20
Скопје

Герила акција за Расадник: Дрвјата родија згради

Нова Герила акција во врска со актуелниот проект на општина Кисела Вода, за изградба на нови 100 згради во Расадникот.

„Дрвата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот.

Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно.

Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-ндустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат…“.

Нови вести

(ФОТО) Светна новогодишната елка у Скопје

Filip

Проект “Мојот родител во улога на воспитувач во градинка“ во Општина Кисела Вода

Igor

ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода прослави 55 години постоење

Filip