July 26, 2021 03:29
Балкан

ГЕРБ на Борисов со најголема доверба кај гласачите, но за 4 отсто помалку отколку за изборите

Доколку изборите во Бухарија би се одржале денес, 20,3 отсто би гласале за ГЕРБ на Бојко Борисов, 18,2 отсто за Има таков народ на Слави Трифонов и 14,4 отсто за БСП или бугарските социјалисти. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на изборното расположение на граѓаните пред почетокот на изборната кампања, спроведено од Алфа Рисрч.

На изборите кои се одржаа во април Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на чело со тогашниот премиер Бојко Борисов освои 26,14 отсто од гласовите.

Демократска Бугарија, зад која стои поранешниот бугарски премиер, Иван Костов (а оваа групација ги организираше големите протести по бугарските градови) ги зајакнува и подобрува своите позиции, достигнувајќи 11,9 отсто од оние што одлучија да гласаат. ДПС или партијата на Турците останува петта политичка сила со поддршка од 9,9 отсто. И само уште партијата на Маја Манолева го поминува цензусот од четири отсто и има поддршка на анкетата од 5,3 отсто.

Иако направи широка предизборна коалиција со уште две други партии, партијата ВМРО на Красимир Каракачанов продолжува да паѓа. Тие сега тежат едвај 3,4 отсто што е за 0,1 отсто помалку од резултатот на изборите пред два месеци кога настапија сами како партија без коалициони партнери.

Во моментов, 53,2 отсто од испитаниците изразуваат цврсто убедување дека ќе гласаат на предвремените избори. Ова претставува зголемување од околу еден и пол проценти во споредба со предизборната анкета за редовните избори на 4 април. Помеѓу 13 и 15 проценти од оние кои сакаат да гласаат сè уште не донеле конечна одлука за тоа на кој ќе му јаа дадат довербата.

 

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. Hoop Days (Dub) Episode 26

https://4anime.biz gleipnir 4anime. Dragon Fist Episode Full

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Magical Witch Punie-Chan (Dub) Episode 4

KissAnime Site123: https://60c09ca9e6734.site123.me/