February 3, 2023 21:24
Балкан

ГЕРБ на Борисов доби уште една недела да формира влада во Бугарија

Победничката бугарска политичка партија на последните предвремени избори – ГЕРБ, денеска доби дополнителен рок од седум дена да се обиде да формира влада која ќе ја изведе земјата од ќорсокакот во услови на енергетска и економска криза. Два месеца по победата на предвремените избори кои се одржаа на 2 октомври, ГЕРБ  го доби мандатот од претседателот Румен Радев да состави владин кабинет и да се избегнат петти избори за помалку од две години кои се најавуваат за во март идната година.

Политичката криза дополнително и ги намалува шансите на Бугарија да биде примена во  Шенген зоната на ЕУ, како и за плановите за усвојување на еврото како платежно средство во 2024 година.

Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов го предложи 51-годишниот неврохирург Николај Габровски за мандатар. Политичките аналитичари се скептични дека ГЕРБ, која има 67 пратеници во 240-члениот парламент, може да успее да формира коалициска влада.