June 25, 2022 09:58
Скопје

Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во емисијата Утрински Брифинг на Слободна ТВ најави посета на 10 асистенти на ученици со посебни образовни и за време на летниот распуст. Овие асистенти досега само во текот на учебната година им помагаа на учениците со посебни образовни во извршување на училишните работи, извршувањето на обврските и одењето и враќањето од училиште.

“Во летниот период планираме 10 наши асистенти да посетуваат 20тина дечиња преку еден ден односно три пати во неделата околу 4 часа за да ги олесниме и подобриме условите за живот на оние родители коишто имаат дечиња со посебни потреби да можат да си ги завршат и своите обврски. Тоа е новитет којшто сега ќе го почнеме и во континуитет ќе го спроведуваме“, изјави Герасимовски.

Во Утрински брифинг Герасимовски зборуваше и за тековните проекти како повикот за проектот „Центар се грижи за возрасните“ каде што општината обезбедува физиотерапевти, негуватели, психолози и социјални работиници за 90 семејства на возрасни лица над 60 години жители на Центар. Притоа Герасимовски ги повика сите лица кои имаат потреба од ваква нега да аплицираат на повикот за општината да им помогне во тој дел. Покрај проектот за највозрасните Општина Центар го спроведува и проектот „Центар се грижи за најмладите“ каде општината за неколку месеци додели по 7 000 денари на 170 новороденчиња.

Герасимовски исто така го најави и проектот кој ќе се спроведува во соработка со МВР и се однесува на маалските полицајци-позорникари.

„Вчера почнавме со кампањата заедно со МВР каде што го промовиравме и овој проекти и истиот ќе продолжи во наредните неколку месеци. Целта е да ги запознаеме и ги доближиме граѓаните што поблиску до полицајците да пријавуваат и кражби и деликвентни работи но и дополнително ги промовиравме и оние маалски полицајци коишто за брзо време планира и МВР да ги врати по маалата. Центар е една од најфреквентните општини и тука бројот и на кражби и на сите останати работи е многу повисок за разлика од другите општини. Процентуално ако имаме 80 кражби околу 60 за жал се во Општина Центар. Се надевам дека овој проект ќе допринесе да и бројот на кражби и деликвентни појави се намали. Многу одамна се бара од страна на жителите, од страна на граѓаните овие порано наречени позорникари коишто биле реонски и се грижеле за безбедноста во секоја населба“, изјави Герасимовски.

go88 lmhmod go88 otp hách go88

hướng dẫn soi cầu tài xỉu sunwin sunwin link tải đăng nhập game sunwin