November 27, 2021 17:48
Скопје

Герасимовски на Водно: Нема отстапка за прекршителите на законите, Водно останува заштитено од уништување

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, денес ја посети локацијата каде сопственици на земјиште на Водно кое се водело како земјоделско, почнале да го рамнат со намера на истото да градат. Градежните активности на оваа локација беа сопрени по брзата реакција на Општина Центар која веднаш спроведе инспекциски надзор со кој беше констатирано прекршување на законот по што беа изречени казни на сопственикот. Герасимовски денеска ги увери граѓаните близу оваа локација дека Водно повеќе нема да доживее ниту една злоупотреба.

„Предолго Водно беше насилно злоупотребувано и уништувано од ВМРО-ДПМНЕ. Штетите кои се досега направени се огромни и не смееме да дозволиме ниту една понатамошна злоупотреба. Мојот клучен фокус како градоначалник е да ги зајакнеме инспекциските служби но и соработката со граѓаните кои мора да алармираат за можни злоупотреби. Брзо и ефикасно постапување по пријавите како што тоа денес го направи Општина Центар мора да има за секое можно отстапување од плановите и дозволите за градба. Тоа е клучот до добра урбанизација и заштита на општината“ – истакна Герасимовски.

Во конкретниот случај извести Герасимовски се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации вели тој не е предвидена никаква градба ниту пак населба поради што сопственикот од општина Центар ќе добие и решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба.

Тој исто така порача дека уште во првата година од мандатот ќе направи целосна реорганизација на инспекциските служби и ќе го зголеми нивниот капацитет со цел ефикасна работа и брза реакција која е нужна за зголемување на довербата на граѓаните во општината. Герасимовски особено ја потенцира и важноста од навремената реакцијата на граѓаните кои се најблизу до случувањата при прекршувањето на законите.

Re:ZERO -Starting Life in Another World- The Frozen Bond (https://wcostream.cc/m/PqDg) Episode Full

Watch DNA² OVA Episode 3

AnimeFLV: Wise Man’s Grandchild (Dub) anime episode 12 online free at https://animeflv.uk online anime

Website https://animepahe.cc: Watch Bouken Shite mo Ii Koro animepahe Episode 3 free anime online

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD