December 5, 2021 00:26
Скопје

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Горан Герасимовски, кандидатот за општина Центар од СДСМ и Коалицијата го претстави социјалниот пакет за своите граѓани. Тој во денешната изјава порача дека како локална власт ќе обезбедат услуги за поддршка на семејствата од најмладите до највозрасните членови.

Герасимовски најави субвенционирање од 50% на месечните трошоци за згрижување деца во градинка и оброк кај учениците од основните училишта во општина Центар како и финансиска помош за младите.

„За младите планираме субвенционирање на еколошки превозно и грантови за отворање мали бизниси како поддршка за само вработување. Планираме и финансиска поддршка за младински организации за спроведување на проект и важни за општината. Сегашните 60 ученички стипендии кои годишно ги доделува општината планираме да ги зголемиме и да доделиме стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Овие стипендии се особено важни затоа што така ќе создадеме еднаква шанса сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед насвојата материјална положба“, изјави Герасимовски.

Од буџетот на општина Центар во следниот период најави Герасимовски ќе се издвојува 0.1% за младите и ќе се отвори социјален фонд за помош на граѓаните во исклучителни случаи како пожар или поплави.

Герасимовски истакна дека ОпштинаЦентарќе води сметка за сите свои граѓани затоа што тоа е вистинскиот начин општината да стане модерна и подобра за сите свои граѓани.