September 18, 2021 15:12
Спорт

Георгиевски утре со олимпискиот медал ќе пристигне во Скопје

Олимпиецот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио, утре ќе пристигне во земјава, и ќе се појави на плоштадот „Македонија“ во 19, 30 часот, да ги сподели миговите на задоволство со љубителите на спортот, информира Македонската таеквондо федерација.

Георгиевски им се заблагодари на сите за поддршката кои му ја даваа за да стигне до овој успех.

-Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри во Токио носам сребрен медал со златен сјај. Утре ве повикувам кај порта ‘Македонија’ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех, порача Георгиевски пред тргнувањето од Токио за Скопје.