Скопје

Георгиевски до Арсовски: Нема лага со која може да ја прикриете неспособноста на вашите градоначалници

Тоа што вашите градоначалници овие скоро 100 дена не дадоа никакви резултати па немате со што да се фалите не ви дава право да лажете.
Господине Димче Арсовски јас уште пред три дена повикав општината да направи комисија и на терен да изврши надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување.
Кога човек е чист секоја ваша лага е залудна. Ниту јас се бранам ниту пак има потреба мојата партија да го прави тоа, затоа што вистината е на моја страна.
Добро е што барем си признавте дека сите овие години како портпарол на ВМРО ДПМНЕ сте ја имале задачата да го браните криминалот во вашата партија. Не е лесно да си портпарол во партија поврзана со многу криминални афери.
Ако вашите партиски другари се такви не значи дека сите се исти. Но како и да е, сѐ што досега кажа ќе треба на суд да го докажеш.
Почитуван Димче Арсовски кога веќе сте дошле до дворот на општината влезете внатре и прашајте го вашиот градоначалник зошто нема издадено налог за поставување на лед светилки. Прашајте го зошто и покрај активен договор за лед светилки во новиот буџет обезбедил 20 милиони денари за одржување на уличното осветлување?
Не заборавајте да го прашате зошто сака да ја затвори градинката во Стајковци или пак зошто децата од градинката Детска радост може да останат без храна.
Не заборавајте дека вие сте сега власт во Гази Баба и редно е веќе почнете да работите нешто од она што сте го ветиле пред граѓаните.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime to watch Fairy Tail

How NOT to Summon a Demon Lord Ω

AniWatch Naruto: Shippuden

english anime AniWatch Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

One Piece Episode 998