Скопје

Георгиевски: Доста е од вашите лаги, имате полн буџет, засукајте ракави и почнете со работа, редно време е

Реакција од поранешниот градоначалник Борис Георгиевски на прес конференцијата на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски

„По вчерашниот “бомбастично” најавен прес очигледно е дека новиот градоначалник сеуште не си ги знае своите надлежности, па еве накратко да ги објасниме:
Прво грижата за уличното осветлување, локациите за поставување на нови линии и сервисирање, не ја врши градоначалникот, туку секторот за комунални работи, поднесувајќи налог за работа кој градоначалникот го потпишува.
Второ за секое изведување на нова линија или одржување на постојна линија постои соодветен надзор кој ја прати постапката дали и со каков квалитет е извршена.
Трето за да може да биде исплатена било која активност покрај налогот мора да има потпишан извештај од надзорот и службите во општината задолжени за улично осветлуваење. Со овој извештај се потврдува дека зададените активности се извршени од страна на фирмата и истите треба да се исплатат. Градоначалникот само го потпишува решението за исплата по сите овие добиени информации.
Дел од вработените потпишани на овој извештај од комисијата за проверка се истите вработени кои го подготвиле и спровеле јавниот повик за улично осветлување. Истите вработени кои ги подготвиле налозите до фирмата и дале согласност за плаќање по извршените активности.
Затоа останува нејасно како истите тие сега утврдиле разлики. Зошто истите разлики доколку ги имало не ги воочиле при самата изведба?
Не знам зошто без да ве подготват ве пуштиле на прес па дури читате и погрешни суми.
Бидејќи вие немате доверба во вработените од мене имате поклон метро за да можете сам на терен сантим по сантим да мерите пред да потпишете. Со метрото ви поклонувам и моливче за да можете да ги запишете мерките како не би ги утнале повторно.
Ви порачувам да почнете да си ги реализирате вашите проекти кои сте ги ветиле пред граѓаните. Имате полн буџет, засукајте ракави и почнете со работа, редно време е.
Со почит,
Борис Георгиевски

free anime. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

anime website Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

anime streaming Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

Attack on Titan Season 3

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 6

sites to watch anime World's End Harem