June 23, 2021 07:55
Спорт

Георгиевски: Во Токио одиме по златото

По освоената А норма, за Олимпискиот турнир во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна амбицијата за освојување на златен медал на претстојниот најголем спортски планетарен настан.

– Благодарност до мојот клуб Бутел, моето семејство, но најмногу на Бог. Ова се денови кога македонската јавност дозна за историскиот успех. Ми следува малку одмор, а потоа се исклучуваме од реалноста и одиме на моментот „Македонија има олимписки златен медал”, изјави Георгиевски.

За оваа цел најдобриот македонски таеквондист ќе ја има целосната поддршка од Македонскиот олимиски комитет.

– Ние како Олимписки комитет препознавме кај нив квалитет и од првиот момент максимално тимски функционираме и никој од нас не се штеди да ги овозможиме најдобрите услови за еден врвен резултат, нагласи Даниел Димевски, претседател на МОК.

Покрај Георгиевски кој во Токио ќе настапи на 27 јули, од македонските спортисти со обезбедена олимписка норма е и борачот Могамедгаџи Нуров. 

GoGoAnime gleipnir gogoanime: Umibe no Étranger (https://gogoanime.be/m/p0GE) Episode Full

AniWatch anime websites: Watch I Shaved. Then I Brought a High School Girl Home. Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/XzK4/ep-5)