June 25, 2022 10:31
Македонија

Георгиевска: Раст на просечната плата и платите во сите сектори, СДСМ го цени и вреднува трудот на работниците

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Поддршка на стандардот на граѓаните и зголемување на платите во сите сектори се политики на кои СДСМ е посветена и кои даваат значјани и видливи резултати.

Успеавме да реализираме едно од клучни ветувања дадено пред граѓаните – просечна плата од 30.000 денари или 500 евра.

СДСМ го цени, го почитува и го вреднува трудот на сите работници.

Со посветност успеваме политиките за повисоки плати да ги реализираме и во период на најголема светска економска и енергетска криза.

Од месец март оваа година минималната плата е 18.000 денари или 300 евра, што е двојно зголемување во однос на 2017 година кога минималната плата во одредени дејности беше под 9.000 денари.

Постигнавме договор за рекорден раст на платите од 15 отсто во образованието. За пет години, платите во образованието вкупно пораснаа за 36 отсто.

Во истиот период платите на вработените во детските градинки се зголемени во просек за 21 отсто.

Во здравството, за помалку од пет години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Повисоки плати денес добиваат и вработените во одбраната, во полицијата и правосудството.

Но тука нема да застанеме. Следува усогласување на сите плати со растот на минималната плата согласно Закон, односно најдоцна до месец септември.

Тоа значи уште повисоки плати во сите сектори, за повисок животен стандард и полесно надминување на последиците од економската криза.

СДСМ останува посветена на мерките и политиките кои обезбедуваат повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети.