February 3, 2023 12:17
Македонија

Георгиевска: Минималната плата ќе биде околу 20 илјади денари во март, а пензиите ќе пораснат за 6 отсто

„Во март веќе е најавено зголемување на пензиите, а тогаш е планирана и уште една корекција на минималната плата согласно новата методологија. Се очекува таа да биде околу 20 илјади денари“ изјави пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека зголемување на минималната плата во март ќе добијат 10 до 15 илјади граѓани, а уште 25 илјади ќе имаат зголемување на платите со усогласувањето.

Георгиевска кажа дека во новиот Буџет се предвидени овие средства, со цел да се помогне на граѓаните полесно да се справат со кризите и да се амортизира инфлацијата.

„За пензиите се издвоени 1,2 милијарди евра во Буџетот, односно за 120 милиони евра повеќе од оваа година“ рече Георгиевска.

Пратеничката од СДСМ изјави дека предвидувањата на Светска банка и ММФ за наредната година предвидуваат раст од 2,3 до 3 отсто и стабилизација на економијата.

Поврзани вести

Во март минималната плата ќе се зголеми за над 2.000, а просечната пензија за над 1.200 денари

blink

Македонскиот премиер и министрите со двојно пониски плати од косовските и десет пати помали од австриските

blink

Во Март ново зголемување на минимални плати и пензии

blink