December 3, 2022 11:15
Македонија

Георгиевска: Во услови на крајно сериозна криза пратениците треба да покажат разумност

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска во емисијата „24 Анализа” на телевизија 24 истакна дека изминатите шест дена во комисијата за одбрана и безбедност во Собранието при расправата по предлог одлуката за продолжување на кризните состојба за енергетика и за топлинската енергија во градот Скопје, опозицијата критикува дека владата треба да достави план за решавање и да даде отчет каде се потрошени средства дадени на АД ЕСМ.

Она што се наметнуваше во јавноста како критика за некаков сомнеж каде се трошат средствата од државниот буџет кои биле нементи за ЕСМ е инсинуативно од страна на опозицијата заради тоа што генералниот директор на оваа комапнија заедно со тимот од владата имаа прес-конференција, каде дадоа отчет за средствата за што точно се наменети, истакна Георгиевска.

Пратеничката Георгиевска нагласи дека во услови на крајно сериозна криза пратениците и од позицијата и од опозицијата треба да покажат разумност за одредени одлуки кои зависат од рокови и треба да овозможат на тимот на владата којшто задолжен за решавање на кризата.

Не смееме да дозволиме паушални изјави и да критикуваме без да ги имаме вистинските податоци и да се внесува дополнителна вознемиреност кај граѓаните, треба да се држиме до факти, а факт е дека со години  не е инвестирано во сериозни проекти за подобрување на енергетскиот сектор во оваа држава, за да бидеме независни и да го намалувме процентот на увоз на електрична енергија, порача Георгиевска.