June 28, 2022 05:16
Економија Македонија

Генерален штрајк во Македонија- ССМ постави 120 столчиња пред Собранието

Сојузот на синдикатите на Македонија точно на полноќ го започна генералниот штрајк затоа што Владта не го реализира барањето за линеарно покачување наплатите за 2.806 денари. ССМ утрово постави 120 столчиња пред Собранието на Македонија на тој начин потсетувајќи ги 120-те прагеници дека иако се избрани од народот, од работниците, немале волја да постапат според својата совест и не го изгласале амандманот на ребалансот на Буџетот, според кој, доколку се усвоеше, ќе мораше на работниците да им се покачат платите. 

Ја потсетувам јавноста дека имавме одржано протестен марш и дека потоа претставници на ССМ беа примени на разговор во Владата. Таму си подадовме рака со претставници од Владата дека тоа право на работниците ќе се применува од 1 јули. Но, потоа ги снема. Вчера во 5 до 12 нѐ убедуваа дека не е време за штрајк. ТВо ребалансот на буџетот не предвидоа средства за зголемување на платите! Иако Законот за минимална плата предвидува усогласување на платите во рок од шест месеци“, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Столчињата ќе стојат до 14 часот, до кога ќе биде затворен сообраќајот во делот на овој булевар, а утре, во истото време, 21 столче ќе биде поставено пред зградата на Владата, како потсетување за владините министри дека не водат сметка за егзистенцијата на работниците.

Во петок манифестирањето на генералниот штрајк ќе се одвива пред Минстерството за финансии.

 

play go88.vin go88 apk go88 bui ba quan

https://tai.sunwin.gg/