September 25, 2021 05:49
Македонија

Гевгелискиот суд издаде налог Јанева да му се придружи на Боки во Идризово

Основниот суд во Гевгелија денеска го издаде налогот со кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева ќе оди на издржување на седумгодишната казна затвор за Рекет, објави Телма.

Ова за Телма го потврдува претседателката на судот, Злата Попова, која вели дека претходно по електронска пошта судот ги добил првостепената и второстепената пресуда. Но фалеле делови од пресудата, па откако ги докомплетирале документите, судија за извршување на санкции го издал налогот.

Писмото е однесено и до полициска станица Гевгелија, која е надлежна да ја спроведе постапката за транспорт на Јанева од домашен притвор во атворот „Идризово“. Таму од вчера вечер е и Бојан Јовановски -Боки 13 кој е осуден на 9 години за перење пари и рекетирање. Налогот за нивно спроведување на затворска казна беше донесен откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за Рекет.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска вчера најави дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.

-Целиот случај е надвор од цела здраво разумска логика и правна логика. Ние на сите тие правни недостатоци и повреди во постапката укажавме во нашите жалби. Како бранители став на одбраната беше дека тие жалби требаше да бидат усвоени и предемтот требаше да се врати пред првостепениот, Кривичен суд за да се исправат тие недостатоци. Здравствената состојба нејзина, значи не е добра во секој случај, но понатаму останува да видиме како ќе постапуваме, дали ќе бараме одлагање на издржувањето на казната ќе одлучиме откако ќе го добиеме образложението зошто е одбиена жалбата, изјави Фрчковска.

 

Website https://kissanime.mx: Watch Grave of the Fireflies (Dub) kissanime Episode Full kissanime uk

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Watch Labyrinth Of Flames Episode 2

AnimeFreak: Guilty Crown (Dub) anime episode 22 online free at https://animefreak.ws amine freak tv

Flipsnack: https://www.flipsnack.com/gogoanimelol/

My desktopnexus: https://my.desktopnexus.com/animeflixnl/