August 25, 2019 22:42
Македонија

ГДУ: Извештајот на Стејт департментот потврдува дека нема резултати во борбата против корупцијата

Годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија објавен од страна на американскиот Стејт департмент е потврда дека нема резултати во борбата против корупцијата, велат преку соопштение од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ).

Партијата истакнува дека кога се работи за овој проблем, очигледно политичарите се силни само на зборови. Притоа, додава ГДУ, Стејт департменот укажува и на ограничената независност на судската власт, но и на поделеноста на медиумити и на заплашување на новинари, политизација на јавната администрација.

„Овие наводи се навистина загрижувачки. Притоа треба да биде јасно дека врз основа на овие работи ќе се носи и одлука во ЕУ дали ќе се започнат преговори. Имаме уште неколку месеци. ГДУ како партија постојано алармира дека мора да се засукаат ракавите и не само со зборови, туку и со дела да се покаже дека постои желба да одиме напред. Мора да се почитуваат правото и правдата, политичарите да ги тргнат рацето од судството и медиумите, во аминистрацијата да се вработуваат кадри врз основа на образование, квалификации и знаење, а не пресудна да биде партиската книшка“, велат од ГДУ.

Предупредуваат дека корупцијата бара радикална борба, а не парцијално дејствување и затоа ја охрабруваат Антикорупциска комисија да не подлегнува на никакви притисоци.

Нови вести

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков во „Империја“!?

Filip

Од утре наплата на патарината кај Смоквица

Filip

Хуманитарна акција во Гостивар: Со срце дарувај, ученик израдувај

Filip