June 18, 2019 02:38
Спорт

Гвардиола уверен: Ќе играме во полуфиналето во Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази уверување дека неговиот тим ќе го надомести заостанувањето од Тотенхем и ќе се пласира во полуфиналето на Лигата на Шампионите.

„Петлите” победија со 1:0 во Лондон, а во средата е реваншот на „Етихад”.

– Ако ме прашувате што ќе се случи, тогаш ние ќе бидеме во полуфиналето. Такво е моето чувство во моментов. Такво чувство имав и по првиот натпревар, како и откако ја гледав снимката. Може и да грешам, но мислам дека ние ќе бидеме во полуфиналето. Резултатот во Лондон не беше идеален, но не е катастрофален. Способни сме да постигнуваме голови и токму тоа ќе го направиме, изјави Гвардиола пред „Скај Спортс”.

Победникот од двојката Манчестер Сити – Тотенхем ќе се сретне во полуфиналето Јувентус или Ајакс.

Нови вести

Бенфика демантираше дека преговара со Атлетико за Жоао Феликс

Filip

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан

Filip

Академија Пандев, Шкупи и Македонија ЃП ги дознаа своите потенцијални противници во ЛЕ

Filip