January 28, 2020 01:17
Спорт

Гвардиола: Не можеме да си го дозволиме Гризман

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста „граѓаните” да го земат Антоан Гризман. Францускиот напаѓач отворено изјави дека го напушта Атлетико Мадрид, а неговата откупна клаузула е 120 милиони евра.

-Манчестер Сити нема да го земe Гризман. Не можеме да си го дозволиме. Барселона нема за што да се грижи, изјави Пеп на прес-конференција пред финалето на Купот на Англија против Ватфорд.

Каталонците ова лето се фаворити за потписот на Французинот.

Манчестер Сити и Париз Сен Жермен, исто така, се сметаат за кандидати за потпис на светскиот шампион.

Нови вести

Милан ќе му оддаде почит на трагично починатиот Брајант

Filip

Тинејџерот Гринвуд го запиша своето име во историјата на Јунајтед

Filip

Рома привлече бразилски дефанзивец

Filip