June 21, 2021 17:20
Спорт

Гвардиола: Најтшко освоена титула досега

Англија има нов фудбалски шампион – Манчестер сити. На три кола пред крајот на сезонаата во премиерлигашката конкуренција „граѓаните“ и теоретски ја обезбедија титулата откако најблискиот кокурент, градскиот ривал Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ киксираше во дуелот со Лестер (1:2) и остана на 70 бодови. Благодарение на Лестер, Манчестер сити (80 бода) стигна предвреме до трета титула под водство на тренерот Пеп Гвардиола во последните четири сезони.

Тренерот Гвардиола не крие дека оваа му е најтешката титула која ја освоил во Премиер лигата.

-Ова беше сезона и титула како ниту една досега.Беше најтешко освоена, секогаш ќе ја паметиме поради начинот на кој ја освоивме. Навистина сум горд што сум менаџер на оваа група фудбалери, да ги надминат сите потешкотии и рестрикции и да покажат ваков континуитет е навистина неверојатно. На почетокот од секоја сезона, токму титулата во Премиер лигата ни е најважна. Мора да играте секој трет ден, против сите ривали на домашен и гостински терен и навистина треба да имате добри резултати цела сезона за да бидете најдобри. Но, бидете сигурни дека ќе се обидеме да ја освоиме и Лигата на шампионите, вели Гвардиола.

AnimeTV animetv jp: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full (https://animetv.cc/m/wnVW/ep-1)

KissAnime kissanimenz: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview