April 11, 2021 11:46
Спорт

Гвардиола направи подвиг на кој можат да му завидат Фергусон, Клоп, Мурињо…

Тренерот на лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Манчестер сити, Пеп Гвардиола постави неверојатен рекорд за кој слободно може да му се поклонат големите имиња од калибарот на Алекс Фергусон, Арсен Венгер до Јирген Клоп и Жозе Мурињо, откако стигна до 200-та победа во Англиското првенство во кариерата.

Прашање е дали некој би успеал да го надмине  трофејниот шпански стратег Гвардиола откако денеска Манчестер сити го победи Вест Хем со 2-1 за 200-ти триумф во најсилната англиска лига. На Гвардиола му требаа само 273 меча во Премиерлигата да стигне до оваа победничка бројка, откако во 2016 година дојде на Островот.

Ниту еден тренер во историјата на Премиерлигата не успеал така брзо да дојде до 200 победи како што тоа го стори Гвардиола, на кој му требаа помалку од 300 меча. Досегашниот рекорд го држеше Мурињо кој за 200 победи требаше да одработи 309 меча.

Инаку овој меч беше јубилеен и по 500-та победа во клупската кариера на Каталонецот, откако со Барселона запиша 179, а со Баерн Минхен – 121 триумф.

Redo of Healer Episode 7 at AnimeFreak anime freak one piece

Watch Beastars 2nd Season Episode 7 at website https://funimationfree.com funimation funko pop