Спорт

Гвардиола: Манчестер сити нема да се брани во Дортмунд

Францускиот ПСЖ откако со судни маки ја сочува предноста од првиот меч и по пировата победа на Баерн Минхен помина во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите, своето внимание вечерва повотрно ќе му биде насочено кон дуелот во Германија, каде бундеслигашот Борусија Дортмунд го пречекува англискиот Манчестер сити. Победникот од овој двомеч ќе им биде ривалот на „светците“ во полуфиналето. Манчестер сити по првите 90 минути има предност од 2-1.

Тренерот на „милионерите“ Един Терзиќ е подготвен за предизвикот што го очекува неговиот тим.

-Вербата за пласман во следната фаза е огромна, но нема да ни биде доволна само таа. Мора да покажеме дека можеме да се справиме со најголемите клубови. Ќе биде тешка задача, но мора да бидеме храбри, вели Терзиќ.

Трофјниот стратег на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола тврди дека неговиот тим ќе излезе на теренот како да го почнува првиот натпревар.

-Ќе се обидеме да се држиме до нашиот план. Не е важно што се случи на првиот натпревар. Нашата цел е да играме што е можно подобро и да им покажеме дека нема да се браниме. Сакаме да победиме, вели Гваридола.

AnimeHeaven dr stone anime heaven: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview

AnimeTV anime tv streaming: Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 6