January 27, 2021 10:22
Спорт

Гвардиола: Би сакал Меси да ја заврши кариерата во Барселона

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола даде повеќе од интересен одговор на прашање поврзано со ѕвездата на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот е поврзан со трансфер во „граѓаните”, откако изрази желба да ги напушти „каталонците” на лето.

Гласините за сличен трансфер се интензивираа вчера, откако Гвардиола, со кого успешно работеше во тимот на Барселона, потпиша нов договор со Манчестер сити.

– Можеби сум одговорил на ова прашање илјада пати. Меси останува во Барса. Сепак, неговиот договор истекува и тој не знае што му поминува низ главата. Има уште многу што да се стори до летниот пазар”, рече Пеп на денешната прес-конференција.

– Чувствувам голема благодарност до Барселона и се што клубот направи за мене. Меси е фудбалер на Барселона. Како приврзаник на Барса, би сакал Меси да ја заврши кариерата таму, рече Гвардиола, кој исто така го коментираше својот нов договор.

– Зборував два или три пати со претседателот и тоа ми помогна да донесам одлука. Останувам од многу причини – поради тимот, градот, организацијата, поради се што треба да направиме, како и затоа што клубот покажа вредности и не ослободи никого за време на пандемијата. Покрај тоа, тој исплати бонуси на сите вработени во клубот, рече Шпанецот.

Naruto Episode 220 at website https://animeflix.nl animeflix one piece

Naruto: Shippuden (Dub) (https://animefreak.ws/m/50Ay) Episode 500 at AnimeFreak anime freaks anime