December 12, 2019 02:32
Македонија

Гајсер: Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие

Гајсер: Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“. Тој напомена дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“.

Во радиоемисијата на италијанското радио Ларис Гајсер вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив – вели Гајсер.

Тој посочува дека се разоткри системска корупција, политичка и судска.

Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – додава новинарот.

Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова. Според него Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува промена на премиер.

Нови вести

Бугарската Академија на Науките: Не постои македонски јазик

Igor

Героски: Tочно е, сите ќе ги „пукам“, ама „бомби“ ниту сум „пукал“, ниту ќе „пукам“!

Igor

Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Северна Македонија на европскиот пат

Filip