September 29, 2020 09:01
Спорт

Гатузо ќе потпише нов договор со Наполи

Џенаро Гатузо ќе потпише нов договор со Наполи до летото 2023 година, јавуваат италијанските медиуми.

По поразот од Барселона, Гатузо се состанал со претседателот Де Лаурентис и постигнал договор за продолжување на соработката.

Заедно со проширувањето на соработката, Гатузо ќе добие и зголемување на платата плус одредени бонуси.

Покрај тоа, Гатузо добил гаранции дека Наполи ќе биде поактивен и компетентен на пазарот, што го покажа со трансферот на Виктор Осимен од Лил за 50 милиони евра.

Гатузо исто така побара замена за Хозе Каљехон, кој го напушта клубот по истекот на неговиот договор, а останува да се види кои желби ќе бидат исполнети од Де Лаурентис.

Гатузо вети дека ќе се бори за врвот на Серија „А” и гарантираше враќање во ЛШ.

Би се рекло дека ова е само почеток, со оглед на тоа што Гатузо направи одлична работа откако го замени Карло Анчелоти, а веќе го доби и првиот трофеј во неговата кариера, откако го победи Јувентус во финалето на Купот на Италија.