January 30, 2023 02:27
Скопје

Гас е набавен, парно ќе има

Радијаторите на жителите на Скопје во текот на целата грејна сезона ќе бидат топли, најави премиерот Димитар Ковачевски  кој посочи дека наспроти тврдењата на опозицијата и одредени медиуми гасот е набавен.

-Набавен е гас од “Макпетрол” за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот“ потврди Ковачевски.

Премиерот објасни дека гасот се набавува на 30 дена со оглед на фактот што така одат и продажбите со котации од минатиот месец и со движењето на он спот цените на берзата за тековниот месец при што финалната пресметка се прави на крајот од месецот.

На владината седница на 29 ноември, Владата издвои сума од 13 милиони евра за ЕСМ за снабдување со  топлинска енергија, со што компанијата се обезбедува и со гас и со средства за набавка на гас.

ЕСМ со дел од средствата кои ги добива од Владата успеа да набави и гас за АД Скопје Север, каде изминатата недела имаше проблеми и прекини со снабдувањето. Со решавањето на овој проблем и набавка на гас, сега и жителите на Чари и Бутел повторно добиваат топлинска енергија.

Деновиве се доставуваат и првите сметки за топлинска енергија од страна на ЕСМ Снабдување со топлина за граѓаните, а согласно најавите тие кои плаќаат на 12 рати добија сметки со иста висина како оние за август и септември.