March 8, 2021 12:44
Спорт

Гасперини: Аталанта ќе се соочи со Реал без притисок

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, пред натпреварот со Реал Мадрид во рамки на осминафиналето од Лигата на шампионите, порача дека неговата екипа ќе игра на овој меч без императиви. „Кралевите“ дојдоа во Бергамо денеска, а мечот се игра утре од 21 часот.

Аталанта минатата сезона  во ЛШ постигна одлични резултати, стигнаа до четвртфиналето, па сезонава можат да го повторат тој успех, доколку ги минат „кралевите“.

-Нема да ги промениме карактеристиките на нашата игра, затоа што токму тој сегмент не донесе до ЛШ. Меѓутоа јасно е кога играш против големи тимови, мора да бидеш на високо ниво, мора да воведеш некои мерки и да бидеш внимателен. Ние ќе играме слободно и без притисок. Предвидувањата не одат во наша полза, па затоа немаме обврска да минеме понатаму и тоа не ослободува од притисокот. Сакаме да ги одмериме силите со Реал и да видиме со каква сила располагање, порача Гасперини.

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 1 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime death note

Watch Bleach Episode 215 at website https://animetv.cc animetv boruto