November 18, 2019 12:26
Скопје

Ганиу ја соопштува големата вест – Општина Чаир се збратими со Градот Стаунтон во САД

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу преку неговата официјална страна од Соединетите Американски Држави да ја сподели со граѓаните веста за збратимувањето на Општина Чаир и Градот Стаунтон на државата Вирџинија. На посебната седница на Собранието на Градот Стаунтон организирано во чест на посетата на Градоначалникот Ганиу се усвои резолуцијата за официјалното започнување на нашата соработка. Значењето на овој настан консистира со продлабочувањето на пријателството на американскиот народ.

Делегацијата која ја предводеше Градоначалникот на Оптина Чаир го одбра Градот Стаунтон бидејќи тоа е родното место на претседателот Woodrow Wilson , еден од најзначајните личности на американската политика кој се бореше за правата на помалите држави на Балканот. По повој овој настан, Ганиу им се заблагодари на советниците на Градот Стаунтон, во името на граѓаните на Општина Чаир. Дел од делегацијата беа: директорот на Институтот за Албански и Протестански Студии – David Hosalflook, познатиот публицист Емин Аземи и секретарот на Општина Чаир Недим Рама.

Истотака, ве известуваме дека на 21 Ноември една делегација од Градот Стаунтон ќе ја посети Општина Чаир, при што ќе се постави неговата статуата на Претседателот Wilson во знак на благодарност и почит кон неговата личност и неговото дело.

Нови вести

Акции со садење дрвја во Ново Лисиче

Valentina

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Valentina

ПОЦ: Санкционирани 331 непрописно паркирани возила во Центар

Valentina