November 27, 2021 04:30
Македонија

Галовеј: Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија

Галовеј: Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија

Македонска Каменица, 17 јуни 2021 (МИА) – Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, изјави денеска британската амбасадорка Рејчел Галовеј, при посетата на Општина Македонска Каменица. Таа изрази надеж дека европските земји ќе донесат позитивна одлука по ова прашање, врз основа на сето она што државата го направи за старт на преговорите.
-Јасно е веќе со години дека Северна Македонија ги исполнува критериумите за да се отворат преговорите со ЕУ. Ние ја поддржуваме Северна Македонија за отворање на преговорите и се надеваме дека Европските земји ќе ја донесат таа одлука врз основа на критериумите, а не врз основа на некои други политички фактори, рече Галовеј.
Таа додаде дека Велика Британија ќе продолжи да биде еден од најголемите инвеститори во државата, одговарајќи на новинарско прашање дали има некои промени по излегувањето на нејзината земја од ЕУ  во однос на соработката со Република Северна Македонија.
-На крајот на минатата година се потпиша договор за трговска размена помеѓу двете земји, каде што понатаму само ќе се подобруваат и ќе се зајакнуваат трговските врски помеѓу двете држави. Ние сме едни од најголемите инвеститори во Северна Македонија така да во периодот кој следи само можат да се зајакнат тие врски помеѓу двете држави, нагласи Галовеј.
Покрај средбата со градоначалничката Соња Стаменкова, Галовеј најави дека ќе се сретне со претставници на Рудник Саса, а ќе има и свое обраќање на церемонија организирана од Женскиот фудбалски клуб Саса. вс/ир

Watch Kamichu! (Dub) Episode 12

Time Bokan Series: Itadakiman Episode 1

Website https://aniwatch.pro: Watch Cat God: Ohanami Ghostbusters aniwatch Episode Full aniwatch

Website https://animedao.nl: Watch Galo Sengen animedao Episode Full animedao my hero academia

Zeef: https://zeef.com/profile/gogoanimebe

Huntingnet: https://www.huntingnet.com/forum/members/animefreakws.html