September 25, 2021 03:05
Македонија

(Галерија) Форензичарите на тежок испит, болницата пеплосана, ќе помагаат и странски експерти

Владата денеска на вонредна седница прогласи тридневна жалост во земјава по трагедијата која однесе 14 човечки животи, вчера во модуларната Ковид болница во Тетово. Како избувнал пожарот кој со голема брзина ја пеплоса болницата се уште е енигма, иако, неофицијално, се шпекулира со неколку причини. Една од нив е дека огнот избил зад постелата на една пациентка, поконретно од инсталацијата додека персоналот вршел реанимација на девојката на која ѝ се слошило.

Она што е јасно од сведочењата на очеввидците, но и од видео снимките, прво имало пламен, кој потоа, како што се ширел низ собите ги палеле боците со кислород кои екплодирале и го забрзувале огнот. Но која е вистината ќе покаже истрагата во која ќе помагаат и форензичари од странство. Владата ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека сите капацитети се целосно мобилизирани и во моментот се уште трае истрагата за пожарот. Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници.

Денеска се уште трае увидот во кој се ангажирани форензички екипи од МВР, како и обвинители од Тетово и Скопје. Се уште не е потврден идентитетот на сите 14 загинати, чија идентификација се уште трае.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Починаа 12 лица, 525 нови случаи на Ковид-19

Igor

Маричиќ: Будимпешта не планира да го екстрадира Груевски

Igor

Градоначалникот на Петровец и уште пет лица испрале над половина милион евра од општинатa

Igor

Website https://twistmoe.net: Watch Hell Target twistmoe Episode Full watch anime online

Sword Art Online: Alicization - War of Underworld Recap Episode Full - Raw

Bocchan (https://gogoanime.be/m/LGe7) Episode Full

Legacy of Aru Kararu Episode Full

About: https://about.me/animeflixnl

Zippyshare: https://www.zippyshare.com/Kissanimemx