December 10, 2022 07:46
Свет

„Газпром”: Продолжуваат испораките на гас за Италија

Русија ќе продолжи со испораките на гас за Италија што беа во прекин поради административен проблем во Австрија, соопшти рускиот енергетски концерн „Газпром”.

„Транспортот на руски гас преку територијата на Австрија продолжува”, соопшти „Газпром”.

Според компанијата, изнајдено е „решение” со италијанските купувачи, согласно измените во регулативите во Австрија.